Навивачите во стега: Ќе може ли Де Јонг да одигра против Јувентус…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако Ајакс го совлада Екселзиор во минатонеделното коло од Ередивизија, навивачите стравуваа, со оглед на тоа дека Де Јонг играше само 24 минути.

Причината е повреда, многумина се фатија за глава бидејќи овој фудбалер е важен штраф за играта на клубот и некој кој би можел да донесе многу во дуелот против Јувентус на гости.

Сега стигнаа добри вести од Амстердам, Де Јонг ќе игра во Торино бидејќи потполно е подготвен за тоа.

Четвртфиналниот дуел се игра во Торино, на програмата е утре од 21 часот. По првиот меч резултатот е 1:1.