Јувентус и Барселона склучија пакт: Има фудбалери за да бидат задоволени обете страни…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јувентус постигна договор со Барселона, да го донесе Самуел Умтити што ќе го овозможи пристигнувањето на Матијас Де Лихт на „Ноу Камп“ тврди шпански „АС“.

Францускиот дефанзивец поради повреда на коленото пет месеци е надвор од теренот, но светскиот шампион со Триколорите секако е меѓу најдобрите дефанзивци на светот.

Меѓутоа, Барселона е многу заинтересирана за доведувањето на Де Лихт. За капитенот на Ајакс да ги засили редовите на каталонскиот гигант, потребна е одредена сума за негово пристигнување.

Значителниот напредок на Клементе Ленглето и трката по Де Лихт, доведе до тоа Умтити да може да го напушти актуиелниот, а по се судејќи и новиот првак во Шпанија.

За Де Лихт сериозно е заинтересиран и Јувентус, меѓутоа како што се наведува пактот ќе направи обата европски гиганти да бидат задоволни.

На „Старата дама“ и се потребни освежувања во одбраната. Андреа Барзагли најави простување на крајот од сезоната, додека и Џорџо Кјелини, покрај тоа што има 35 години, има и сериозно проблеми со повредите.