Мбапе после бламажата во Лил: „Игравме како почетници“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Смета дека тоа на ПСЖ не смее да му се случува.

ПСЖ одамна не бил понижен како синоќа во Лил, каде од домашната екипа беше декласиран со резултат од 5:1.

Екипата на ПСЖ беше ослабната на овој меч откако двајца фудбалери се здобија со повреди во првото полувреме и после следуваше исклучувањето на Бернат.

На крајот се се сведуваше на болниот пораз од Лил (5:1), макар што тоа нема да значи ништо за Парижаните до крајот на овој шампионат, бидејќи и понатаму остануваат недофатни за тимот на Лил и имаат 17 бодови повеќе и натпревар помалку во преостанатите шест кола пред крајот на шампионатот.

„Игравме како почетници. Можно е да изгубиме, се случува, но не на овој начин. Мораме брзо да го исправиме ова. Во среда имаме натпревар против Нант, ова веќе не смее да ни се случи, мораме да победиме“, рече Мбапе.

Младиот напаѓач истакна дека неговиот тим „одвреме навреме имал контрола“, но во повеќето од времето екипата на Лил била подобра.