Головин откри како поминувал Анри како тренер на Монако: Честo стануваше многу нервозен…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кратко траеше првата самостојна тренерска улога на легендарниот француски фудбалер, Тиери Анри кој по само 20 натпревар доби отказ од Монако.

Анри го наследи Леонардо Жардим на клупата на тимот од Кнежевството, но наместо да го издигне  клубот, го втурна во опасната зона па заслужено заработи отказ.

За неговиот престој во клубот говореше рускиот репрезентативец Александр Головин кој се отвори за соработката со Анри.

„Кога за време на тренинзите работите не се одвиваа како што треба, стануваше многу нервозен и почнуваше да беснее .Можеби тоа беше непотребно. Често знаеше да влета во теренот и да ни покаже како да ја направиме вежбата. Можеби друг тренер би рекол ајде да го сториме тоа заедно, но Анри во истиот момент стануваше многу фрустриран. Урлаше,ни викаше да му ја одземем топката. Играчите главно беа мирни, но претпоставувам дека беа во шок“-коментираше 22 годишниот Русин.