Арсенал славеше на тешкото гостување на „Викариџ Роуд“ (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Арсенал дојде до тешка, но злато вредна победа на гостувањето на „Викариџ Роуд“ кај Вотфорд.

„Топчиите“ славеа со 1:0, а единствениот погодок падна во 10. минута од натпреварот по една голема грешка на Бен Фостер.

Работата за Вотфорд беше отежната кога Трој Дини доби црвен картон поради удирање на Лукас Тореира со лакто.

Домашниот тим се обидуваше да стигне до израмнување, но одбранат на Арсенал беше на нивото па резултатот остана непроменет.