Иднината на Кутињо неизвесна, неговите агенти се среќаваат со Бартомеу


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесуваат медиумите во Шпанија, иднината на Фелипе Кутињо во Барселона се уште не е толку извесна.

Претставниците на бразилскиот фудбалер, Киа Јорабчиан и Џулијано Бертолучи ќе се сретнат со врвот на Барселона во следните неколку денови на кои ќе се разговара за иднината на фудбалерот.

Челси и Манчестер Јунајтед се поврзуваат со ангажман на поранешниот фудбалер на Ливерпул кој пак во неколку наврати истакна дека сака да продолжи во Барселона.

Последните негови коментари во врска со двомечот со Манчестер Јунајтед дополнително го оддалечија од трансфер на „Олд Трафорд“.