Хаос на берзата: Јувентус доживеа огромна загуба!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ајакс синоќа направи големо изненадување во Лигата на шампиони, откако во четвртфиналето го елиминираше Јувентус со триумф од 1-2 во Торино.

Гигантот од Холандија, по Реал Мадрид, го шокираше и Јувентус, па обезбеди полуфиналео од најелитното европско натпреварување.

Јувентус по испаѓањето во четвртфиналето доживеа огромна загуба. Нивната вредност на акции имаше најголем пад на берзта и тоа од 20,92% и во моментов вредат 1.356 евра.

Тоа е втор ден по ред како акциите на клубот паѓаат за 20%. Тој пад најмногу ќе го погоди семејството Ањели, кое има поголем дел од акциите од клубот, но секако никој од акционерите на тимот не може да спие мирно поради ваквата загуба.

Да потсетиме, претседателот на клубот, Андреа Ањели синоќа по мечот застана пред камерите и откри дека Алегри ќе остане тренер на екипата, иако навивачите очекуваа отказно решение за Италијанецот.