„Милионерите“ го завршија првото засилување за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мака мачат во Борусија Дортмунд со бековите оваа сезона, па така неретко на бочните позиции мора да се сели Абду Дијало и Маријус Вулф.

Поради тоа како приоритет за следното лето е ангажманот на бекови на обете страни, а изгледа дека лев бек веќе и пронајдоа.

Во прашање е германскиот репрезентативец од редовите на Хофенхајм, Нико Шулц.

Управата како што се наведува веќе постигнала договор со самиот фудбалер и Хофенхајм за неговите услуги ќе плати 25-30 милиони евра, колку што му е откупната клаузула во договорот, кој важи до летото 2021. година.

Така Шулц ќе стане еден од најскапите засилувања во историјата на клубот, но јасно е дека нема долго да биде рекордер, со оглед на тоа дека во денешниот фудбалер работите се менуваат со брзина на светлината.

Алтернативата за Шулц е Филипе Луиз од мадридски Атлетико, кој на лето ќе стане слободен играч, но Бразилецот како што се наведува повеќе е загреан за преминување во Барселона, и на „Сингл Идуна Парк“ потполно се насочени кон германскиот репрезентативец.