Реал го потпишува најголемиот договор во историјата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид е клуб кој е познат по константното соборување на рекорди, како и остварување на одредени резултати на тееренот, така и во финансиска смисла.

Соборија неколку пати рекорд за најскап платен играч на светот, нема сомнеж дека порано или подоцна тоа повторно ќе го направат, но поради својата неверојатна репутација често рекордите ги поставуваат и на финансиски план, со потпишување на огромни договор со спонзорите и слично.

Така и овојпат, бидејќи Реал е пред потпишување на голема соработка со производителот на спортската опрема „Адидас“.

Имено, двете страни треба да ја парафираат соработката на дури 10 години, според кои Реал годишно ќе добива по 120 милиони фиксно и 30 милиони во вид на бонус.

Тоа секако ќе биде светски рекорд, бидејќи Реал ќе стане најдобо платениот спортски бренд, кога се во прашање фиксните годишни примања.