„Убаво е да се дадат толку пари за реновирање на Нотр Дам, но штета што не давате за болните деца!“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Страшниот пожар на катедралата Нотр Дам во Париз уништи дел од историјата, а богатите луѓе ширум светот решија да дадат многу пари за реновирање.

Беа собрани речиси милијарда евра за да биде вратен стариот сјај на катедралата, а интересен коментар за собирањето на пари даде дефанзивецот на Лион, Џејсон Денаер.

„Тоа е навистина убав гест, но штета што не го прават за илјадници деца, кои умираат од разни болести“, објаснува Денаер.

Многу луѓе исто размислуваат, па постојат и доста теории на заговор за пожарот во Нотр Дам, а Денаер дефинитивно ја соопшти болната вистина.

Останува да видиме како ќе реагираат Французинот на коментарот на дефанзивецот на Лион.