Атлетико заврши уште еден важен договор…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фантастични вести за сите миленици на клубот од „Ванда Метрополитано“.

Како што е и официјално објавено на сајтот на клубот, мадридски Атлетико потпиша нов договор со голманот Јан Облак.

Словенецот во клубот пристигна во 2014. година, а по пет години во клубот многумина го сметаат за еден од најдобрите чувари на мрежата на планетата.

Запиша 203 настапи за „Колчонероси“ во дури 115 наврати ја сочува мрежата.

Ја освои со Атлетико Лига Европа, УЕФА Суперкупот и Суперкупот на Шпанија, а сега парафираше нов догвор со клубот.

Имено, тој според новата соработка во редовите на Атлетико Мадрид ќе остане до летото 2023. година.

Променета е и откупната клаузула во неговиот договор, таа до денес изнесуваше 100 милиони евра, а медиумите во Шпанија зборуваат дека клаузулата му е зголемена со новиот договор.