„ЕСПН“: Барселона купи ново засилување од Ајакс за 75 милиони евра!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фантастичниот млад фудбалер и капитен на Ајакс, Матијас де Лихт се наоѓа пред голем трансфер, откако за неговите услуги се заинтересираа голем број од европските гиганти.

„ЕСПН“ пишува дека 19-годишниот дефанзивец, наводно, од наредната сезона ќе го носи дресот на Барселона, која ќе плати дури 75 милиони евра за неговите услуги.

Тоа ќе биде втор трансфер од Ајакс во Барселона годинава, откако уште во јануари беше договорен трансферот на Френки де Јонг, кој беше платен 75 милиони евра.

Договорот најверојатно ќе биде потврден наскоро, а Де Лихт ќе ја засили одбраната на Каталонците.

Како што потпиша Де Јонг, така се очекува и Де Лихт да потпише петгодишен договор со клубот од „Камп Ноу“.