Матео Ковачиќ заминува во текот на летото во нов клуб: Еве која е следната дестинација?!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер моментално е на позајмица од Реал Мадрид во Челси, а од следната сезона 24-годишниот играч за врска би можел да го облече дресот на Зенит.

Ковачиќ не е во плановите на тренерот на Реал, Зинедин Зидан, Челси поради забраната за трансфери нема да може да го откупи неговиот договор, но тоа со задоволство ќе го направи рускиот великан, па хрватскиот играч за врска би можеле да го гледаме во Русија.

„На позајмица е овде, но би сакал да го видам во тимот и следната сезона тука. На неговата позиција имаме проблем бидејќи тука е само уште Жоржињо. Ковачиќ би можел да стане одличен централен играч за врска“, истакна неодамна менаџерот на „Плавите“, Маурисио Сари.

Сепак, се чини дека Ковачиќ на крајот сепак ќе си ја побара среќата далеку од Англија. Преговорите со Зенит веќе стартуваа и наскоро би можеле да бидат позитивно завршени.

Ковачиќ како еден од најголемите таленти во загребски Динамо во 2013. година премина во Интер, а две години подоцна потпиша за Реал Мадрид.

Таму не се наигра. Добиваше минути, но на крајот се одлучи да замине на позајмица, па во текот на летото веројатно и дефинитивно ќе ги напушти Кралевите.