Реал Мадрид се откажа од идната звезда на светскиот фудбал

Реал Мадрид ова лето ќе потроши огромна сума на пари за нови засилувања во тимот, меѓутоа во кралскиот клуб не планираат да трошат пари залудно.

Еден од најбараните млади играчи на денешницата сигурно е офанзивниот играч на Бенфика, Жоао Феликс за кој како што сега стојат работите, од следното лето нема да го гледаме на стадионот Сантијаго Бернабеу.

Угледниот медиум Marca пишува за тоа како Реал се откажал од Феликс бидејќи нема намера да ја активира клаузулата во износ од 120 милиони евра.

Младиот Феликс го споредуваат со неговиот сограѓанин Кристијано Роналдо, а за неговите услуги исто така се заинтересирани и Јувентус, Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед.

Инаку, Феликс е под застапништво на менаџерот Мендеш и земајќи ја во предвид способноста на овој 19-годишен фудбалер, сигурно го очекува одличен трансфер.

Advertisements