Сопругата го обвинува Хесе: Не сака да си го види болното дете, а бара да одам во затвор!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Аура Руиз зборуваше за случувањата во нејзиното семејство, односно за спорот со поранешниот сопруг Хесе.

Парот се разведе во 2018 година по големиот број скандали кои ги имаа во меѓусебните односи, а Аура вели дека Хесе сакал да ја испрати во затвор.

„Пред неколку дена ми кажа дека не се откажал од обвинувањата. Бара оштета од едно евро и затворска казна од три до пет години. Хесе сака да одам во затвор за да добие старателство врз детето. Води вистинска војна со мене, а јас сакам само да се посветам на моето дете. Имам докази за тоа што го зборувам“, вели Аура.

Малиот Нијан има само 21 месец и тој е тешко болен од раѓање, па Аура вели дека попрво би умрела, отколку да оди во затвор.