Гардиола: Сурово е, но мораме да го прифатиме ова


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шпанскиот стручњак после натпреварот изјави дека му е многу тешко, но мора да го прифати поразот.

„Да, тешко е. Ова е сурово, но мораме да го прифатиме тоа. Беше добар натпревар за сите. Во второто полувреме го пробавме секој можен начин, ги постигнавме головите кои ни беа потребни, но им честитам на Тотенхем и им посакувам се најдобро во полуфиналето“, изјави Гвардиола.

Ако ништо друго, се постави како прав џентлмен и на крајот им честиташе на Тотенхем и покрај тоа што според прикажаното, неговиот тим далеку повеќе го заслужува тоа полуфинале.

„Многу сум горд, посебно на реакцијата на навивачите. Никогаш не сум го видел овој стадион како што беше денеска. Сите сме тажни, но фудбалот е непредвидлива игра и за жал не поминавме понатаму“ , додаде Пеп.