„Марка“: Реал Мадрид во наредниве денови ќе потврди трансфер-бомба!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го очекува голем ремонт на лето, откако сезонава разочараа во сите натпреварувања, па сега се поврзуваат голем број светски ѕвезди со преселба на „Сантјаго Бернабеу“.

Тренерот Зинедин Зидан има многу имиња на лисатта со желби, а Реал веќе ги договори трансферите на Едер Милитао и Родриго Гоес, а третото засилување најверојатно ќе биде Еден Азар, чиј трансфер се очекува да биде потврден во наредните денови.

„Марка“ пишува дека „кралевите“ нема да претеруваат и нема да купуваат премногу фудбалери, туку ќе ангажираат играчи, кои ќе им помогнат да играат подобро во иднина.

Уште едно име кое се наоѓа на листата на Зидан е Пол Погба, но Реал Мадрид не е подготвен да плати 150 милиони евра за неговите услуги, колку што бара Манчестер јунајтед.

Се споменуваат и трансфери на Кристијан Ериксен од Тотенхем, а тука се и Матијас де Лихт и Дони ван де Бек од Ајакс.