Егзодус од „Олд Трафорд“: Еден куп фудбалери заминуваат од Манчестер?!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе се ослободи од многу фудбалери на лето бидејќи на некои од нив тренерот Оле Гунар Солскјер не сака да смета во наредната сезона.

Најголема загуба за „црвените ѓаволи“ летово би можело да биде заминувањето на Давид де Хеа. Шпанецот не сака да го продолжи договорот и не ги прифаќа понудените услови, а сегашната соработка му важи до наредното лето.

Од тимот најверојатно ќе замине и третиот голман Ли Грант, а улогата на прв голман најверојатно ќе ја добие Ромеро, секако доколку не биде донесена замена.

Дефанзивата на Јунајтед во претходните години исто така беше проблем. Токму таму се очекуваат големи промени, а на листата за заминување се Ерик Баи, Фил Џонс, Маркос Рохо, Ешли Јанг, Матео Дармијан и Антонио Валенсија.

Исто така, прашањето за иднината на Пол Погба уште не е решено, па постојано Французинот се поврзува со трансфер во Реал Мадрид.

Од екипата ќе си замине и Андер Ерера, кој најверојатно ќе потпише со ПСЖ, каде што ќе се пресели како слободен фудбалер, а без договор останува и Хуан Мата.

Солскјер најверојатно ќе се ослободи и од Немања Матиќ, а излезната врата ќе му биде покажана и на Алексис Санчез, кој има богат договор, но не ги исполни очекувањата на раководството.

Често се споменува и заминување на белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, но не може ништо со сигурност да се каже за неговата иднина.