Познати термините за натпреварите во полуфиналето на ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера беа познати последните два патника во полуфиналето на Лигата на шампиони, откако Тотенхем поради поголем број на голови во гости од Манчестер сити се пласираше во следното коло, додек Ливерпул лесно го совлада Порто на „Драгао“.

Во претходните два четвртфинални натпревари, Ајакс обезбеди полуфинале, откако го изненади Јувентус, додека Манчестер јунајтед беше декласиран против Барселона.

Како што е познато од претходно, Ливерпул ќе игра против Барселона, додека Тотенхем ќе се пресмета со Ајакс.

Денеска беа објавени и термините за одигрување на полуфиналните натпревари, па Ливерпул и Барселона ќе играат на први мај и на седми мај, додека Тотенхем и Ајакс ќе си ги измерат силите на 30 април и осми мај.

Натпреварите од полуфиналето во елитното натпреварување ќе се играат од 21 часот.