Ван Дер Варт го промени спортот!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот холандски фудбалер Рафаел Ван дер Варт ќе учествува на турнир во пикадо.

Некогашниот фудбалер на Реал Мадрид, Ајакс и Тотенхем ќе дебитира на турнир на 4 и 5 мај во Есбјерг, Данска.

Помеѓу останатите учесници, на турнирот ќе учествува и неговиот брат Фернандо.
Ван Дер Варт ја заврши фудбалската кариера минатата година, во Ејсберг, каде што одигра само три натпревари.

Одигра 109 натпревари за репрезентацијата на Холандија, постигна 25 голови и играше во финалето на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка.

Отвореното првенство во Данска за пикадо прв пат е одржано во 1974 година и го освојуваа само едни од најдобрите играчи во тој спорт, Фил Тејлор, Ерик Бристој, Рејмонд ван Берневелд и Гери Андерсон.