Каков пациент: Фудбалер на Тотенхем мислел дека испаднале од ЛШ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неверојатен меч беше одигран меѓу Манчестер сити и Тотенхем (4-3) во ревнашот од четвртфиналето во Лигата на шампиони, а во полуфинале се пласираше клубот од Лондон.

„Граѓаните“ во третата минута од судиското надополнување постигна гол за 5-3, но голот беше поништен по прегледување на снимката, а еден од фудбалерите на Тотенхем тоа не го видел и мислел дека неговата екипа била елиминирана.

Станува збор за Муса Сисоко, кој го заврши многу рано мечот поради повреда.

„Бев на клупата кога погодија за 5-3 и ми се смачи, па тргнав кон соблекувалната. Бев сам, немаше ТВ и мислев дека сме елиминирани. Потоа во соблекувалната влезе човек и почна да вика: Успеавме! Голот е поништен. Јас се шокирав и тргнав да славам со соиграчите“, вели Сисоко.