Направи медицински прегледи во ПСЖ, но не дојде да потпише: Го послушав советот на мајка ми!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Дури и просечните фудбалери Парижаните ги плаќаат многу, но интересно е тоа што еден фудбалер се откажал од договор.

Хенри Онјекуру, напаѓачот на Евертон, кој игра на позајмица во Галатасарај, имаше договор со ПСЖ до 2017 година, но решил да ја послуша својата мајка.

ПСЖ сакал да го ангажира, кога имал само 19 години, но момчето се откажало и конечно реши да откри зошто донел таква одлука.

„Се сеќава дека беше петок и имав медицински прегледи во ПСЖ. Моравме да почекаме до понеделник за да потпишеме договор. Јас се јавив кај мајка ми да ја прашам за совет, а таа ми кажа дека сака да играм повеќе и дека уште сум млад, па треба да се развијам на вистински начин. Сметаше дека Париз е лоша одлука и јас ја послушав“, вели Онјекуру.

Оваа сезона е во Галатасарај, каде што игра навистина добро и постигна 11 голови на 30 натпревари.