Познати полуфиналните парови во Лига Европа (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вечерва беа комплетирани реванш средбите од четвртфиналето од Лигата на Европа по која се познати и полуфиналните парови.

Арсенал по првиот триумф против Наполи со 2:0, успеа да слави и на гостувањето во Неапол со 1:0. Стрелец на единствениот погодок во финишот на првиот дел беше Александре Лаказет кој постигна феноменален гол.

Шпанскиот дуел во четвртфиналето помеѓу Валенсија и Вилјарела му припадна на „Лилијаците“ кои и вечерва остварија триумф, овој пат на „Месаља“ со 2:0 . Така, Валенсија со вкупни 5:1 се пласираше во следната фаза.

Челси во натпревар со седум погодоци славеше против Славија Прага со 4:3. По победата во првиот натпревар од 2:0, Челси веќе беше виден како патник во полуфиналето во Лига Европа.

Ајнтрахт Франкфурт пред своите гледачи во Манхајм славеше победа од 2:0 против Бенфика и со тоа ја анулира негативата од првиот натпревар по поразот во Португалија од 4:2.

Полуфинални парови:

Валенсија- Арсенал

Челси- Ајнтрахт Франкфурт