Гвардиола продолжува по старо: Откако излегоа од Лигата на Шампионите носи засилување од 60 милиони фунти?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


За него може и никогаш не сте слушнале

Пеп Гардиола отkako дојде на клупата на Манчестер Сити потроши преку 500 милиони фунти на zasiluvawa, без разлика на тоа што не успеа да pomine во четврт-финалето на Лигата на Шампионите.

Меѓутоа, без разлика на се, Пеп има намера да продолжи по старо, а доказ за тоа се извештаите од Англија кои како што шпекулираат, шпанскиот тренер е тргнат по играчот на Лион Тангиј Ндобеле.

Задниот везен фудбалер, кој има 22 години, веќе подолго време е на радарот на Гардиола кој планира за него да даде вртоглава сума од 60 милиони фунти.

Сепак, проблем за Сити претставува фактот дека за овој играч се заинтересирани и од седиштето на Јувентус со кој веќе наводно фудбалерот бил влезен во преговори и е поблиску до потписот на 22 годишниот везен.

Со оглед на тоа што преодниот рок сеуште не е започнат и сезоната не е завршена, најверојатно двете екипи ќе почекаат уште малку кога се во прашање конкретните понуди.

Да напоменеме дека Гвардиола за горенаведениот фудбалер гледа долгорочна замена за Фернандињо кој веќе има 33 години.