Историјата се повторува по 35 години: Англија е во транс…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Во Англија се опиени, ја имаат најдобрата лига на светот, а како што тврдат медиумите сега тоа го докажаа и во европските натпреварувања.

Имено, четири англиски екипи се во завршницата на ЛШ, односно ЛЕ, би можеле да видиме и англиски финалиња, иако тоа е поверојатно во ЛЕ, отколку во ЛШ.

Сепак, Ливерпул не е без шанси против Барселона, а ослабениот Тотенхем ќе се обиде да го елиминира разиграниот Ајакс.

Ова не се случило 35 години, имено, тогаш последен пат четири екипи од Англија се најдоа во полуфиналето од европските купови, но ова е поголем успех, бидејќи тогаш имаше три натпреватрувања, сега недостасува Купот на победниците на Куповите.

Во таа сезона, Ливерпул стана европски шампион, ја добија Рома на пенали, а Тотенхем го освои својот трет најголем трофеј во Купот на УЕФА кога славеа против Андрлехт.

Освен „Црвените“ и „Петлите“ во завршницата беа и Нотингем форест во полуфиналето од Купот на УЕФА и Јунајтед кој пристигна до полуфиналето каде беше елиминиран од подоцна освојувачот на трофејот, Јувентус.

Интересна сезона пред споменатиот пехар на општо изненадување да заврши во Шкотска, Абердин на Ферги го освои трофејот во финалето совладувајќи го Реал Мадрид.