Оваа тајна долго ја чуваа: ПСЖ на неверојатен начин останал без потписот на Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња без дилема е бразилскиот „магионичар“ Роналдо.

За игрите на легендарниот фудбалер сеуште се зборува, но уште поголемата слава му ја скратија бројните повреди. Му настрадаа двете колена додека го носеше дресот на Интер (1997 – 2002) и имаше огромни паузи.

Можеби се ќе беше поинаку доколку во 1997 година Роналдо одлучи да го даде својот потпис на ПСЖ, а не на Интер. Барселона многу лесно се откажа од него само после една сезона во кој беше воодушевувачки добар и Бразилецот одлучи да потпише договор со Интер.

Во тоа време Роналдо беше многу блиску до доаѓањето во Паркот на Принцовите. Се било спремно за потпис, но договорот го откажал тогашниот сопственик на паришкиот тим, француската телевизија Canal Plus.

Причината поради која е откажан договорот е бизарна. Раководството на оваа телевизија било во страв дека ќе остане без гледачи од најголемиот ривал на ПСЖ – Марсеј, доколку го потпишат договорот со Роналдо.

Така легедарниот бразилски напаѓач заврши во дресот на Интер. Таму поради многу повреди не играше многу, но кога играше, покажа вистински поим за фудбал.

Од таму тој замина во дресот на Реал Мадрид каде што помина пет години, последна европска граница му беше во Милан, Роналдо кариерата ја заврши во дресот на бразилскиот Кориентас.

Да не се заборави дека тој кариерата ја започна во Крузеиро, и првиот европски тим за кој играше беше холандскиот ПСВ. Дојде на Стариот континент како 18 годишно момче во 1994 година, а две години подоцна на Ноу Камп го замени босанскиот фудбалер Мехо Кодро на позицијата со број 9.

Многумина сметаат дека Роналдо е еден од најдобрите фудбалери кој некогаш се појавил на терените. Сигурно во Париз до ден денес им е криво што не го донеле кога можеле и кој знае на какви висини би ги однел легендарниот Бразилец.

Роналдо во својата кариера одигра вкупно 518 натпревари и постигна 352 погодоци.