„АС“: Реал Мадрид ангажира еден од најбараните напаѓачи во светот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпански „АС“ денеска дополнително ги „загреа“ шпекулациите кои се однесуваат за нови засилувања на Реал Мадрид, а повторно со преселба на „Сантјаго Бернабеу“ се поврзува напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, кој треба да биде платен 60 милиони евра.

Шпанците пишуваат дека Јовиќ наскоро ќе се пресели во Мадрид бидејќи преговорите биле во завршна фаза, па во наредните денови се очекува и потврда на трансферот.

Ајнтрахт пред неколку дена го откупи Јовиќ за само шест милиони евра од Бенфика, па сега може да го продадат за дури 60 милиони, што за нив е огромна заработка.

Тоа значи дека „кралевите“ успеале да ја победат конкуренцијата од Баерн Минхен, Борусија Дортмунд и Челси за напаѓачот, кој сезонава постигна 25 голови во сите натпреварувања.