Роналдо го претстави својот замислен Јувентус: Посакува четворица играчи кои чинат 300 милиони евра


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Барселона оваа година со цело срце навиваше за Ајакс а Кристијано Роналдо и Јувентус ги сметаа како најголеми фаворити во Лигата на Шампионите оваа година. Исто така, елиминацијата на сјајниот Португалец во оваа фаза од натпреварувањето ја зголемува шансата за Лионел Меси да подигне уште една „Златна Топка“.

За Јувентус повеќе не би требало да се грижат, како ни за Роналдо, но би требало да се плашат, ако не тоа, барем да го почитуваат планот на Роналдо за тоа како би требало да изгледа тимот на Јувентус во наредната сезона.

Налутен после прераната елиминација од Лигата на Шампионите, Роналдо до претседателот Ањели го испрати својот список за посакувани засилувања за ова лето, а во редовите на тој список се наоѓаат четири имиња од кои еден е од редовите на Барселона.

Станува збор за Јаспер Цилесен, а Кристијано забележа што знаат голманите кои се тренирани од страна на голманските тренери на Ајакс. Пример за тоа е Андреа Онане кој беше одличен во дуелот против Јуве, а Цилецен го познава уште од Шпанската Лига. Холанѓанецот моментално е задоволен од статусот замена за Тер Стеген.

Би прифаатил трансфер само во клуб кој има амбиции да ја освојат Лигата на Шампионите. Би прифатил да биде и замена во тој случај, но Роналдо го гледа како прв потенцијален голман на Старата Дама. Почетната цена за него изнесува 40 милиони евра.

Најамбициозен план ќе биде доведувањето на Матијас Де Лигт одличниот штопер на Ајакс со чиј гол беше елиминиран Јуве во четврт-финалето, но неговото име не се наоѓа само на листата на желби на Јуве, повеќе европски гиганти ќе се борат за него. Цената ќе биде околу 80 милиони евра, а Де Лигт може да бира помеѓу Барселона, Реал, ПСЖ, Јувентус итн…

Преостанатите двајца играчи на листата се Жоао Феликс, откритието на Бенфика кои Португалците го проценуваат околу 120 милиони евра и добар пријател на Роналдо.

– Марсело кој ќе може да замине само откако Зидан ќе најде соодветна заменаа за него. И покрај тоа што станува збор за топ-играч, Марсело би требало да чини околу 50 милиони евра бидејќи веќе навлегува во години.

Засилувањата од листата на Роналдо, вкупно би ја чинеле Старата Дама околу 300 милиони евра, а одборот на Јувентус нема да жали ни денар кога станува збор за освојување на Лигата на Шампионите.