Интер ќе се засилува во Ајакс: Тука е како дома…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вчера се појавија информации дека Интер сака да го освежи својот ред за врска со младиот фудбалер на Ајакс, Дони ван Де Бек, еден од хероите на големиот триумф на холандскиот великан над Јувентус во Лигата на шампионите.

Додека потенцијалниот трансфер на Ван де Бек е во сфера на шпекулации, за другиот, исто така од Ајакс во Интер се посериозно се зборува.

Левиот бек на Ајакс, Аргентинецот, Николас Таглиафико веќе некое време се поврзува со можен трансфер во Интер, а сега за истото зборува и неговиот менаџер Рикардо Шлипер.

„Интер и италијанскиот фудбал во целина се секогаш атрактивна дестинација за аргентинските фудбалери“, истакна Шлипер за Интер Њуз, па додаде:

„Да не заборавиме, како што веќе еднаш е кажано, ние сме Италијанци кои зборуваат шпански јазик. Се е многу слично. Тука сме како дома“.

Шлипер така не сакаше да ја отфрли можноста нивниот клиент  навистина да премине во Интрер и се чини дека е отворен за таквиот разој на ситуацијата.Инаку 26-годишниот фудбаер во Ајакс пристигна во јануари 2018. година, за нешто повеќе од 4 милиони евра, но неговиот трансфер би чилен значително повеќе.

Оваа сезона одигра 39 натпревари за Ајакс во сите натпреварувања, постигна пет погодоци и запиша шест асистенции.