Севилја го враќа Силва во Милано, но Португалецот веднаш заминува во нов тим!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Мундо Депортиво“ пишува дека Севилја решила да не го откупи договорот на напаѓачот од Милан, Андре Силва, кој игра на позајмица во Андалузија.

Португалецот минатото лето пристигна на позајмица во Севилја, па одлично ја почна авантурата, откако постигна седум голови на самиот старт и беше еден од најдобрите стрелци, но од тогаш постигна само два гол на 20 настапи.

Поради тоа Севилја реши да не го откупи договорот на Силва од „росонерите“, иако имаа опција да го направат тоа за 39 милиони евра.

Поранешниот напаѓач на Порто ќе се врати во Милано, но тешко дека ќе остане на „Сан Сиро“ бидејќи тие го имаат одличниот Криштоф Пјонтек, а тука е и Патрик Кутроне.

Во игра за потписот на Силва се три клуба, односно Монако, Валенсија и Лестер.