Кога потребата е посилна од тебе: Фудбалерот на Арсенал трчаше кон тоалетот среде мечот со Наполи…


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интересна сцена се случи синоќа на мечот од Лива Европа помеѓу Наполи и Арсенал.

Дефанзивецот на лондонскиот тим, Начо Монреал во еден момент исчезна од теренот на стадионот „Сан Паоло“, а многумина се прашуваа што се случило со него.

Причината за неговото изоставување е сосема едноставна. Шпанскиот фудбалер итно морал да замине во тоалет дословно ги пресече рекламите за да стигне побрзо до соблекувалната.

Секако, откако дознаа што му се случило на искусниот дефанзивец, навивачите на социјалните мрежи оставија голем број забавни коментари.

„Начи монреал заминал да се*е среде меч“, напиша еден од навивачите, додека друг додаде:

„Се надевам барем дека ги измил рацете“.

Навистина интересна ситуација, но не и несекојдневна, со оглед на тоа дека и во минатото имало слични случувања.