Револуција во СЕХА: Кинески клуб се приклучи на натпреварувањето!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


СЕХА-лигата, регионалното ракометно натпреварување во кое учествуваат Вардар и Металург, како и екипи од уште седум земји и тоа Белорусија, БиХ, Хрватска, Србија, Словачка и Романија доби уште една екипа и тоа од Кина.

Извршниот одбор на СЕХА-лигата реши меѓу 12 екипи за наредниот циклус на натпреварувањето да се вклучи и кинески клуб, а станува збор за Пекиншкиот спортски универзитет.

„Деветтото издание на СЕХА ќе донесе многу новитети во нашето натпреварување, а еден од нив ќе биде кинеската екипа. Влегувањето на тимот ќе значи нова ера во регионот. Наша цел е да го развиеме ракометот. Во наредната сезона ќе имаме 12 учесници, па ќе профитираме од влегувањето на кинеската екипа во натпреварувањето“, вели Михајло Михајловски, претседател на СЕХА-лигата.