ПСЖ подготви шампионски дрес со посвета на Нотр-Дам! (Видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Фудбалерите на ПСЖ ќе имаат специјални дресови за мечот против Монако, каде што ќе се обидат да освојат бодови со кои математички ќе ја обезбедат шампионската титула по три неуспешни обиди.

Тоа не им успеа против Стразбур (2-2), Лил (1-5) и Нант (2-3), па пред своите навивачи против Монако ќе имаат нова шанса и тоа во дресови посветени на катедралата Нотр-Дам, која се запали пред неколку дена.

Парижаните се приклучија на иницијативата за ремонт на катедралата, чиј почеток на изградбата датира од 1163 година, па така во своите продавници ќе продава маички со Нотр-Дам по десет евра, а собраните пари ќе ги донира во фондот за реконструкција на катедралата.

Дресовите во кои ќе игра ПСЖ против Монако ќе бидат бели со златен грб и број, а златна боја ќе има и на Нотр-Дам на градите.