Солскјер со остра порака до фудбалерите: Некои од вас мора да се вратат во реалност!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед до крајот на сезоната ќе се бори за пласман во Лигата на шампиони, каде што сезонава испадна од Барселона во четвртфиналето.

„Ѓаволите“ во завршницата од сезоната ќе влезат посвежи од Тотенхем, Арсенал и Челси, кои играат во европските натпреварувања, па Оле Гунар Солскјер се надева дека ќе успеат во својата намера.

„Многу научив за фудбалерите во претходните месеци. Поголем дел од нив имаат импресивен став, но постојат и такви кои мора да се вратат во реалноста“, вели Норвежанецот.

Англиските медиуми шпекулираат дека Солскјер мислел на Ентони Марсијал, а се споменуваат и Маркус Рашфорд и Ромелу Лукаку.

„Разговарав со неколку фудбалери и им кажав што мислам и што очекувам од нив“, објаснува Солскјер.