Се е поизвесно: Уште еден фудбалер ќе му каже збогум на Атлетико Мадрид и ќе му го сврти грбот на Симоене…?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


По Годин и Лукас Ернандез и тој ќе ги напушти „Јорганџиите“.

Како што стојат работите, Диего Симеоне на лето ќе мора да ја реконструира целата одбрана.

Годин се сели во Интер, Лукас Ернандез во Баерн, а Фелипе Луис би заминал во Барселона.

Искусниот Бразилец има договор со клубот до крајот на сезоната и не сака да парафира нова соработка бидејќи чека на понудата од Барселона.

Каталонците бараат лев бек кој ќе биде алтернатива за Џорди Алба, како резерва за шпанскиот репрезентативец со оглед на тоа дека изминатото лето ги напушти Динј.

Сепак, постои и натаму шанса да остане на „Ванда Метрополитано“, само шансите за опстанок од ден на ден се се помали, а покрај Барселона за Луис интерес покажа и бразилски Фламенго.

Кариерата ја почна во Фигуиренсе, а во 2004. година се пресели во Ајакс. Играше потоа и за Депортиво Ла Коруња, се сеќаваме и на кратката епизода во Челси.

Неодамна се појави информацијата дека го бара и Борусија Дортмунд, но изгледа дека приоритет за 33-годишниот дефанзивец е останување во Примера.