Солскјер потврди дека Манчестер Јунајтед интензивно трага по нови фудбалери


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Оле Гунар Солскјер истакна дека му дал насоки на скаутите на клубот кои играчи да бидат следени во следниот период.

Норвежанецот посочи дека знае дека има многу критики на сметка на Јунајтед, но истакна дека критичарите воопшто не знаат што се случува во клубот.

„Знам дека има многу критики. Не знам дали критичарите воопшто знаат што се случува. Имаме скаути низ целата планета кои бараат нови фудбалери. Убеден сум дека го правиме вистинското за да ги донесеме правилните играчи. Ќе донесеме фудбалери кои се доволно паметни, квалитетни, фудбалери за кои ќе ни одговара цената и кои ќе бидат долго во овој клуб“ –заклучи Солскјер.