Реал Мадрид пред комплетирање на трансферот на Азар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот весник „Марка“ пренесува дека од таборот на Реал Мадрид се многу блиску до ангажман на Еден Азар.

Весникот пренесува дека „кралевите“ веќе ги договориле личните услови со Еден Азар,  а сега останува уште да биде договорена висината на оштетата која ќе му ја платат на Челси.

Медиумот јавува дека од Реал Мадрид ќе платат сума од околу 85 милиони фунти, сума која би требало да биде прифатлива за Челси со оглед на фактот дека на Азар договорот со клубот од Лондон му истекува следната сезона.