Баерн ја пронајде замената на Мануел Нојер: Не е далеку…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мануел Нојер загрижи многумина откако неодамна закажа конференција за медиумите, се појавија информации дека би можел да се повлече од активното играње фудбал, но тоа на крајот не се случи, па конференцијата беше поприлично непотребна.

Како и да е, тој има проблеми со новата повреда, во последните години ги има се почесто.

Така во Баерн одлучија да му побараат вистинска замена, млад голман кој би можел да биде негов наследник.

Решението го пронајдоа на местото каде го пронајдоа и Нојер, со оглед дека интересот им е кон преселба на голманот од Шалке, Александер Нубел.

За овој 22-годишен чувар на мрежата се дискутираше и изминатото лето, пред Улрих да го продолжи договор.

И потоа двете страни останаа во контакт, Нубел има договор со екипата од Гелзенкирхен до 2020. година, но сака со мирна глава да оди на У21 Евро, па одлуката за продолжување на кариерата ќе ја донесе потоа.