„Јорганџиите“ ќе останат со поткусени ракави: Наполи тврдокорно ќе бара понуда повисока од 50 милиони…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид го сака фудбалерот на Наполи.

Лоренцо Инсиње е мета на „Јорганџиите“.

Тие го посакуваат еден од најдобрите фудбалери во италијанската Серија А, но понудија сума која е далеку од доволна – 50 милиони евра.

Но, Аурелио Де Лаурентис ова нема да го прифати. Колку Наполи бара за својот напаѓач?

Се споменува сума од 100 милиони евра, толку бараше пред оваа сезона, а имајќи предвид дека не е баш во фантастична форма, цената би можела да биде и пониска.

Инсиње е заменет во мечот против Арсенал уште на почетокот на второто полувреме и не изгледаше добро поради тоа.