Дибиров призна: Не верував дека Самсоненко ќе направи вакво нешто, ќе си заминам во солзи од Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сергеј Самсоненко пред неколку дена ги шокираше навивачите и ракометарите на РК Вардар, откако кажа дека не може повеќе да издржи и нема да го финансира клубот, кој донесе радост со освојувањето на Лигата на шампиони, како и многу други успеси во претходниот период.

За медиумите интервју имаше Тимур Дибиров, кој кажа дека сите во РК Вардар биле изненадени кога ја дознаел одлуката на Самсоненко.

Долго време се шпекулираше дека богатиот Русин ќе го напушти РК Вардар, но никој не веруваше во тоа, а очигледно така мислел и Дибиров.

„Не верувавме дека ќе замине Самсоненко. Мислев дека работите во клубот се нормални. Никој од нас не очекуваше проблеми. Потоа имавме состанок со директорот Давор, кој ни кажа дека Сергеј заминува. Ќе ми биде многу тешко да заминам од Македонија. Имав многу среќни моменти тука, сигурно ќе си заминам со солзи“, вели Дибиров.