Хаос на „Олд Трафорд“: Погба и Де Хеа со уцена до раководството на Јунајтед!?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер јунајтед се соочува со сериозни проблеми бидејќи нема обезбедено позиција во Лигата на шампиони, а токму тоа сакаат да го искористат Пол Погба и Давид де Хеа, кои имаат неверојатни барања до управата.

Доколку „црвените ѓаволи“ не се пласираат во ЛШ за наредната сезона, тие ќе мора да им ги намалат договорите на некои фудбалери за да се покријат загубите.

Де Хеа има плата од околу 200.000 фунти неделно, па ако не се пласираат во ЛШ, тогаш ќе добие 150.000, но тој одбива да потпише нов договор и бара дури 500.000 фунти неделно.

Од друга страна, Погба има договор со 290.000 неделно и тоа би можело да биде намалено, доколку не се пласираат во ЛШ, па тој ја разгледува опцијата да се пресели во Реал Мадрид.

Тие двајца се незадоволни со моменталната ситуација, па ќе се обидат да извлечат нови договори, а доколку не им успее планот, тогаш сигурно ќе си заминат од тимот.