„Бомба“ од Манчестер: Гвардиола го ангажира „новиот Меси“!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер сити сезонава се бори за титулата во Лигата на шампиони со Ливерпул, но веќе размислуваат за наредната, па полека ја составуваат листата со потенцијални засилувања.

Скаутите на Пеп Гвардиола долго време го следела младиот Аргентинец Тиаго Аламада, кој го нарекуваат „новиот Меси“.

Гвардиола е подготвен да плати дури 20 милиони евра за младиот фудбалер, кој најверојатно најпрво ќе го испрати на позајмица во Жирона, каде што ќе треба да добие искуство.

Многумина во Аргентина го нарекуваат „новиот Меси“ и важи за еден од најголемите таленти, а неговиот стил на игра потсетува на тој на волшебникот на Барселона.

Останува да ја видиме и одлуката на Светската фудбалска федерација (ФИФА), која би можела да ги казни „граѓаните“ со забрана за трансфери.