Сопственикот на Милан се изнервира: „Росонерите“ ги очекуваат радикални промени!?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Милан вчера киксна во Парма, откако одигра 1-1 и дополнително си ја искомплицира борбата за пласман во Лигата на шампиони (ЛШ).

„Росонерите“ со ваква игра тешко ќе изборат пласман во ЛШ. Ситуацијата не е најдобра на „Сан Сиро“, а на лето очигледно ќе направат големи промени.

Американците, сопствениците на Милан, наводно не сакаат Џенаро Гатузо да остане во клубот, а исто така ќе ги напуштат и Сусо, Чаланоглу, а најверојатно и Конти и Кеси.

Милан со нов тренер ќе влезе во новата сезона, а се шпекулира дека Гатузо би можеле да го заменат Конте или Венгер.

До крајот на сезоната Милан го очекува тешко гостување кај Торино, а претходно ги очекува реванш во полуфиналето од Купот со Лацио.