Фоњини во два сета го среди Лајовиќ и го освои Монте Карло!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фабио Фоњини ја освои титулата на Мастерсот во Монте Карло со победа против Душан Лајовиќ со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-4. Фоњини ќе добие 1000 АТП бодови и 958.955 евра, додека Лајовиќ ќе заработи 484.950 евра и 600 бодови.

Мечот беше многу возбудлив, но Италијанецот подобро се снајде во одредени моменти, па успеа да направи неколку брејка во првиот сет за да стигна до 6-3.

На стартот на вториот сет Фоњини направи брејк, а потоа Лајовиќ веднаш врати и имаше шанса да стигне до предност. Сепак, него искористи тоа и набрзо Италијанецот ја презема иницијативата, па успеа да слави со 6-3.

Да потсетиме, Фоњини во полуфиналето направи сензација, откако го декласираше Рафаел Надал.