Навивачите на Манчестер Јунајтед гласаа кои играчи мора да се продадат, на листата се најдоа осум фудбалери


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед вчера доживеа уште една катастрофа бидејќи беа поразени во гости против Евертон со резултат од 4:0.

Црвените Ѓаволи имаа одлична игра откога Солскер седна на клупата на тимот, но во последно време се многу неорганизирани. После елиминацијата од Лигата на Шампионите со убедливиот пораз од Барселона играчите на Јунајтед му приредија ново разочарувачко изненадување на своите навивачи.

Јунајтед на гостувањето против Евертон доживеа права катастрофа со поразот од 4:0, на најголем удар од критики од страна на навивачите се најдоа повеќе играчи на клубот од Олд Трафорд.

Имено, веднаш после натпреварот навивачите направија анкета од играчи кои мора да се продадат на крајот на сезоната, а на таа листа се најдоа дури 8 играчи од тимот на Јунајтед.

Навивачите со своето гласање одлучија дека ова лето мора да се продадат:
1) Ерик Бејли
2) Немања Матиќ
3) Хуан Мата
4) Фил Џонс
5) Ешли Јaнг
6) Алексис Санчез
7) Матео Дармијан
8) Маркос Рохо

Многумина гласаа и дека Андер Херера треба да добие нов договор и дека Ромело Лукаку мора да остане и покрај тоа што во последно време се шпекулира дека можно е да го напушти Театарот од соништата.