Де Јонг условува заминување на одредени фудбалери: За еден од каталнскиот состав е извесна преселбата на „Меаца“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младиот фудбалер на Ајакс е капарисан и веќе виден член на стартната постава на Барселона за следната сезона, секако неговото заминување условува и заминување на извесни играчи.

Прв на тапет е борбениот Чилеанец, Артуро Видал, кој по пишувањето на шпански Спорт, ќе ги напушти Каталонците по само една сезона.

Искусниот „Војник“ оваа сезона одигра 45 натпревари за клубот од „Камп Ноу“, но во поголемиот дел беше во втор план така што разделбата е се поблиску.

Шпанците секако наведуваат дека со овој расплет на случувањата, Интер излегува во прв ред на фаворитите за потпис на Чилеанецот, за потсетување тие го следат Видал откако одлучи да го напушти минхенски Баерн и беа блиску до него изминатото лето, но Барселона влезе во конкуренција.

Меѓутоа, постои можност 30-годишниот играч за врска сепак да заврши на „Меаца“, местото на кое играше неколку пати кога го носеше дресот на омразениот ривал од Торино.