Уште една легенда од редовите на Ливерпул ја официјализираше својата тренерска кариера…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во тековната сезона, Стивен Џерард успеа да го врати Ренџерс во врвот на шкотскиот фудбалер, сезоната ќе ја заврши на позицијата вицепрвак веднаш зад ривалот од „Олд Фирм“ дербито, Селтик.

Според пишувањата на Сандеј Морнинг Хералд, бившиот напаѓач и миленик на „Копа“, Роби Фаулер ќе го преземе клубот од А- лигата на Австралија, Бризбејн Роар.

Англичанецот ќе биде претставен утре на конференцијата за медиумите која следи пред финалниот меч од сезоната дома со Аделајд Јунајтед.

Фаулер веќе има искуство во водењето на тимот, иако краткотрајно кога како играч/тренер го предводеше тајландски Муангтонг Јнајтед во текот на сезоната 2011/12.