Ремонт на „Сантјаго Бернабеу“: Зидан отпиша петмина фудбалери на Реал Мадрид


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Реал Мадрид е подготвен за голем ремонт на екипата, зашто на сите им е јасно дека се потребни големи промени доколку сакаат да се борат за сите трофеи.

Сезонава е загубена за „кралевите“ и навивачите се разочарани, па поради тоа тренерот Зинедин Зидан реши да отпише пет фудбалери од клубот.

На таа листа се Герет Бејл, Маркос Љоренте, Мариано Дијаз, Тонис Крос и Дани Себаљос, кои ќе го напуштат сигурно „Сантјаго Бернабеу“, а освен нив ќе си заминат и уште неколку фудбалери, чии имиња засега не се откриваат.

„АС“ пишува дека листата со потенцијални засилувања е огромна, а најмногу се шпекулира за Еден Азар, кој би требало да биде едно од поголемите имиња во Мадрид.