Ванда Нара откри каде ќе игра Икарди наредната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ванда Нара, сопругата и агент на Мауро Икарди гостуваше во една телевизија и кажа дека Аргентинецот ќе остане во Интер и наредната сезона и покрај големиот број караници со луѓето од управата.

„Мауро ќе остсане да игра во Интер. Ќе остане тука и наредната сезона. По тоа што се случи, можам да кажам дека конечно е смирен“, објаснува Ванда.

Шпанските медиуми пишуваа дека Реал Мадрид во јуни ќе ја активира клаузулата на Икарди од 110 милиони евра, сепак тоа не се случи.

Тогаш како причина поради која „кралевите“ се откажаа од Икарди беше наведена неговата сопруга, која често прави скандали, па тие не сакаа да се соочат и со таков проблем.