Мбапе успеа во тоа што не успеаа Кристијано и Меси, а подобар од него е само „вистинскиот“ Роналдо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Уште нема 21 година но има постигнато 30 погодоци во лигата.

Напаѓачот на ПСЖ и вистинска звезда на оваа екипа Килијан Мбапе одигра неверојатен натпревар во неделата навечер против Монако во рамките на француското првенство.

Мбапе стана првиот играч кој во Лига 1 има постигнато 30 погодоци после Жан-Пјер Папин.

Освен тоа, Мбапе собори уште еден рекорд со што потврди дека во кариерата навлегол многу подобро од Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Имено, тој стана првиот фудбалер од генерацијата 1996/97 во петте лиги кој е помлад од 21 година и постигна 30 голови кога е лигата во прашање.

Пред него тоа го оствари Бразилецот Роналдо кој сезоната 1996/97 како член на Барселона ја обележа со 35 голови во шпанската Ла Лига.

Доколку продолжи вака и повредите го одминат, за Мбапе само небото е граница.